Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Студенти Роми добиваат неформално образование од врвни професори и експерти
- Детали
- Објавено: Понеделник, 18 Март 2019 10:33
- Посети: 3036
Студенти Роми со подобрени вештини по спроведувањето на модул од три работилници за „Пишување есеј“, „Менаџирање на време“ и „Техники за учење“, оддржани од врвни професори и експерти, кои им помогнаа на студентите да ги совладат техниките.
Вкупно 31 студенти Роми од ноември до февруари годинава, ги посетија овие работилници за зајакнување на нивните лични, академските и неформални вештини, потребни во текот на нивното студирање, личен и професионален развој.
Модулот од три работилници е дел од проектот „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности “ финансиран од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.