Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Спроведен модул од четири работилници за студентите и алумните на Ромаверзитас
- Детали
- Објавено: Петок, 22 Март 2019 11:48
- Посети: 1583
Знаења и вештини за комуникација, локална самоуправа, за емоционална интелигенција и пишување семинарски и дипломски трудови, стекнаа студентите од организацијата „Ромаверзитас“ преку учество во модул од четири работилници на темите „Комуникацијата како ресурс за успех“, „Локална самоуправа“, „Емоционална интелигенција“ и „Пишување на семиранарска/дипломски труд“.
Работилниците ги одржаа професори и врвни обучувачи – експерти за да им помогнат и да им пренесат знаење и техники на студентите и Алумните.
Посетеноста на работилниците од страна на студентите и алумни Роми, од декември лани до февруари годинава, е висок поради тоа што тие ги зајакнуваат своите лични, академски и неформални вештини потребни во текот на нивното студирање, личен и професионален развој.
Модулот од четири работилници е дел од проектот „Ромаверзитас – со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ финансиран од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.