romaversitas.org.mk

Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности

Ромаверзитас избра најдобри студенти Роми за академската 2017/2018

Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, ги одбра најдобрите студенти Роми во Ромаверзитас за академската 2017/18 согласно два критериуми: 70% од постигнатиот среден просек на оцени и 30 проценти за учество во проектните активности на Ромаверзитас.

Така, за најдобар студент во Ромаверзитас во прва студиска година беше прогласена Зера Аметова, студентка на стручни медицински сестри на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. За најдобар во втора студиска година беше прогласен Руфат Демиров, студент на политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Во третата студиска година најдобра беше студентката Ајџан Маликоска од Прилеп, студентка на Општа медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, додека студентот Идриз Дурмиш студент на молекуларна биологија на Природно математичкиот факултет, беше прогласен за најдобар студент во последната година на студии. 

Овие студенти беа прогласени за најдобри, на настанот „Ромскиот народ – Минато, Сегашност, Иднина“ по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8ми април, одржан во Македонскиот Народен Театар на Република Северна Македонија, како дел од проектните активности на „Ромаверзитас“ .

 

Автор: Ерхан Фејзов

 

Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности

Донатори

Соработници

Видео