Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
По вторпат потпишан Меморандум за соработка со Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020
- Детали
- Објавено: Понеделник, 29 Април 2019 12:13
- Посети: 1675
Втора година по ред се потпиша меморандум за соработка помеѓу Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ и Кабинетот на министерот без ресор Музафер Бајрам, со кој се воспоставува соработка во спроведувањето на практиканство на една студентката во Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегија за Роми 2014 – 2020, во Владата на Република Северна Македонија.
Во идните два месеца, практикантката ќе добие можност да учествува во работата на кабинетот, во однос на спроведувањето на Стратегијата за Роми во Република Северна Македонија, со што ќе ги зајакне своите знаења, вештини, искуства и професионални капацитети.
Во изминатиот период, практиканството поддржано од Ромаверзитас се покажа како успешна програма, во која студенти Роми имаа можност да стекнат практикантска работа во јавни и приватни институции, со што се зголеми нивната подготвеност за вклучување во пазарот на трудот и институциите во Република Македонија.
Поддршката за практиканството е обезбедена во рамки на проектот „Ромаверзитас – со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Автор: Руфат Демиров