Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Микроистражување „Ставови и мотиви на матурантите Роми за (не)продолжување на своето образование“
- Детали
- Објавено: Четврток, 25 Октомври 2018 21:05
- Посети: 4341
Во спроведеното микроистражувањето на тема „Ставови и мотиви на матурантите Роми за (не)продолжување на своето образование“ авторите Кенан Таир и Лебишка Селоска под менторство на м-р Мануела Демир дефинираа неколку заклучоци, како што се:
-при одлучувањето за упис на факултет кај најголем процент на матурантите Роми се земаат предвид: можноста за идното вработување, стекнувањето знаења и вештини при процесот на образование и можноста за градење кариера по дипломирањето;
-53 матуранти (односно 63 % од испитаниците) планираат да се запишат на додипломски студии на некои од универзитетите во Македонија, додека 19 матуранти (односно 22 %) имаат донесено одлука за непродолжување на своето образование;
-како причини за непродолжување на образованието, главно се наведуваат: ниски семејни приходи, желбата за вработување, заминувањето во странство, слабиот училиштен просек и немањето лична желба за продолжување на образованието.
Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк: http://romaversitas.org.mk/doc/publikacii/mikroistrazhuvanje-2018.pdf
Грантот за микроистражувањето е активност предвидена со проектот „Ромаверзитас – со поддршка и развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“. Овој проект е финансиран од Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта.