Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Ромаверзитас со практикант во Канцеларијата на Народниот правобранител
- Детали
- Објавено: Вторник, 18 Јуни 2019 20:08
- Посети: 1549
Здружение на граѓани „Ромаверзитас“ овозможи практиканство на еден студент на правни студии во канцеларијата на Народниот правобранител на Република Северна Македонија, под менторство на Заменик Народната правобранителка г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа. Практикантот во период од два месеци има можност одблизу да се запознае со работењето на оваа институција односно со улогата и мандатот на Народниот правобранител како независна институција која ги штити уставните и законските права на граѓаните, а воедно и да ги зајакне своите лични и професионални капацитети.
Оваа активност има за цел да ги поддржи студентите Роми и алумнистите на Ромаверзитас за стекнување знаења, вештини и искуство во рамки на одредени органи/институции и работни организации, кои ќе ги зголемат знаењата и искуствата на практикантите со цел да бидат подготвени да одговорат на потребите на пазарот на трудот во Република Северна Македонија.
Практиканството е активност во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.