romaversitas.org.mk

Конкурси

Повик за волонтери

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” објавува Повик за волонтери кои ќе даваат знаења, вештини и услуги во корист на Ромаверзитас и заедницата, повремено или редовно, на доброволна основа, без финансиска добивка, во времетраење и честота зависно од желбата и можностите на волонтерот.

Волонтерот во Ромаверзитас може да извршува волонтерска работа во одреден обем/број на волонтерски часови и временски период согласно желбата и можностите на волонтерот во рамки на политиката за волонтирање на Ромаверзитас. Волонтерот може да извршува најмногу 36 волонтерски часови во текот на еден месец.

 

Волонтерската работа во Ромаверзитас може да се спроведе во период од Ноември 2018 до Август 2019.

Povik_za_volonteri_2018_19.pdf

  Линк од Пријава за волонтер

Донатори

Соработници

Видео