romaversitas.org.mk

Конкурси

Повик за ментори за средно образование

Ромаверзитас Македонија е партнерска организација на Ромскиот едукативен фонд во Будимпешта (РЕФ) и како таква е назначена за учество во регионалниот проект "Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија.

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на учениците Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“, објавува повик за ментори кои ќе одржуваат менторски средби со средношколци Роми за следење на нивниот краен успех во период од 20 Април до 20 Јуни, преку индивидуален работен план подготвен од страна на менторот и ученикот/менторираниот. 

Во рамките на проектот предвидено е менторирање на ученици Роми кои се 4-та година средно образование. За таа цел потребни се 10 Ментори, во Скопје 3 ментори, во Куманово 1 ментор, во Радовиш 1 ментор, во Прилеп 1 ментор, во Струмица 1 ментор, во Тетово 1 ментор, во Битола 1 ментор, во Виница 1 ментор.

Пријавувањето за ментори кои ќе одржуваат менторски средби со средношколци Роми е најдоцна до 15 Април 2019 година.

Povik-za-mentori---sredno.pdf

 Линк од online пријавата: https://forms.gle/RfMJbZ4sTkuBtb589

Донатори

Соработници

Видео