romaversitas.org.mk

Конкурси

Повик за тутори за средно образование во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд, финансиран од Европска Унија

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на учениците Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“, објавува повик за ТУТОРИ кои ќе одржуваат туторски средби со средношколци Роми во четврта година кои се стипендисти во ракмите на проектот.

 

Туторството е дополнителна академска помош и поддршка за средношколците Роми преку одржување на индивидуални часови на туторот и ученикот за одреден наставен предмет за договорени наставни содржини, во договорени датуми, времетраење и место на одржување. Целта на туторството е поуспешно совладување на наставните содржини и успешно полагање на државната матура. 

Временската рамка за реализирање на туторските средби е од 15 Мај 2019  до 15 Јуни 2019.

Кандидатите за тутори треба да ги исполнат следните услови: 

  • Да се дипломирани лица како наставници/професори по некој од горе наведените предмети;
  • Да се дипломирани лица во редовен работен однос како наставници/професори на некои од приватните или јавните средни училиште во Република Северна Македонија;
  • Предност ќе имаат лица кои имаат претходно искуство во давањето на туторска поддршка на ученици Роми

povik za tutori - sredno.pdf
 Електронска пријава: https://forms.gle/QuusQbu7gauhAadN8

Донатори

Соработници

Видео