romaversitas.org.mk

Конкурси

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЛЕТНА ШКОЛА (учесници со високо образование)

Ромаверзитас Македонија е партнерска организација на Ромскиот едукативен фонд во Будимпешта (РЕФ) и како таква е назначена за учество во регионалниот проект "Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија.

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд“, Ве поканува да аплицирате и да бидете дел од летната школа која што ќе се одржи во период од 11-15 Јули во Струга, Република Северна Македонија

 

I Програмата вклучува

  • Интензивна теоретска и практична настава
  • Тематски области поврзани со основни и напредни вештини потребни за активација на пазарот на труд
  • Интеракција и дружење

 

II Потребни документи за аплицирање 

  • Пополнета електронска пријава (https://forms.gle/kgQ6vaJkvyN8tV4JA
  • Кратка биографија CV 
  • Мотивационо писмо (минимум 250 зборови) 

 

КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ  8 ЈУЛИ 2019 год.

  Povik-za-ucesnici-na-letna-skola-Struga-11-15-Juli.pdf

Донатори

Соработници

Видео