romaversitas.org.mk

Конкурси

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЛЕТНА ШКОЛА (учесници со средно образование)

Ромаверзитас Македонија е партнерска организација на Ромскиот едукативен фонд во Будимпешта (РЕФ) и како таква е назначена за учество во регионалниот проект "Зголемени можности за образование на средношколци Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија.

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на средношколците Роми во образованието и транзиција на пазарот на труд“, Ве поканува да аплицирате и да бидете дел од летната школа која што ќе се одржи во период од 1-5 Јули во Струга, Република Северна Македонија. 

I Програмата вклучува

  • Интензивна теоретска и практична настава
  • Тематски области поврзани со основни и напредни вештини потребни за активација на пазарот на труд
  • Интеракција и дружење

II За учество на летната школа може да се пријават следните лица:

  • Ученици запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија;  

 

III Потребен документ за аплицирање 

  • Пополнета електронска пријава (https://forms.gle/34AoPj31LAj35LqL7 ) 

 

КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ 26 Јуни 2019 год

Povik-za-ucesnici-na-letna-skola-Struga-1-5-Juli.pdf

Донатори

Соработници

Видео