romaversitas.org.mk

Конкурси

Повик за пријавување на учесници за подговотовка на бизнис план, во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд, финансиран од Европска Унија

Ромаверзитас Македонија е партнерска организација на Ромскиот едукативен фонд во Будимпешта (РЕФ) и истата е назначена за учество во регионалниот проект "Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија. Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во образованието и транзиција на пазарот на труд“, Ве поканува да се пријавите како учесници и да учествувате во процесот на подготовките на бизнис план.

 

Учеството во оваа активност ќе овозможи:

  • обука и градење преку одговор на специфични прашања кои ќе поттикнат на размислување, одговори и план со конкретни чекори за развој на твојата ИДЕЈА .
  • која е твојата идеја, твојот план и како се гледаш во следните една, две или три години?
  • што сакаш да постигнеш на личен план во тој период?
  • можеш ли да го постигнеш тоа што сакаш да го постигнеш?
  • Кога веќе знаеш што сакаш и како да го постигнеш тоа што го сакаш време е да ја проектираш твојата визија за бизнисот, односно периодот за кој ќе се однесува тој бизнис план.
  • Како ќе ја реализираш визијата?
  • Како да подготвиш сопствен бизнис план
  • Што понатаму ?

Prijavuvanje-na-ucesnici-biznis-plan-visoko.docx

 

Краен рок за аплицирање до 8 ЈУЛИ 2019

Донатори

Соработници

Видео