romaversitas.org.mk

Конкурси

Повик за пријавување на тренери за летна школа за средно образование, во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд, финансиран од Европска Унија

Ромаверзитас Македонија е партнерска организација на Ромскиот едукативен фонд во Будимпешта (РЕФ) и истата е назначена за учество во регионалниот проект "Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија. Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на средношколци Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“, Ве поканува да се пријавите како тренери /обучувачи во рамките на летната школа што ќе се одржи во период од 1- 4 Јули.  

 

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ТРЕНЕРИТЕ

  • Да развијат и подготват Програма, материјали за сесиите, цели на сесиите и работна методологија
  • Да ги фасцилитираат и да ги спроведат потребните сесии 
  • Да соработуваат со повиканите гости / учесници во рамките на сесиите 
  • Да подготват финален извештај и да го достават до проектниот координатор најдоцна  до 5 дена по завршувањето на работилница
  • Да имаат евалуација со проектниот координатор по завршување на работилницата

povik-za-Prijavuvanje-na-treneri-sredno.docx

 

КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ 26 Јуни 2019 год

Донатори

Соработници

Видео