romaversitas.org.mk

Повик за тутори за високо образование

Ромаверзитас Македонија е партнерска организација на Ромскиот едукативен фонд во Будимпешта (РЕФ) и како таква е назначена за учество во регионалниот проект "Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија.

Повеќе...

Повик за ментори за средно образование

Ромаверзитас Македонија е партнерска организација на Ромскиот едукативен фонд во Будимпешта (РЕФ) и како таква е назначена за учество во регионалниот проект "Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија.

Повеќе...

Повик за стручно лице за спроведување на активности за професионална ориентација и кариерно планирање на матуранти Роми за академската 2018/2019 година

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, објавува повик за стручно лице за спроведување на активности за професионална ориентација и кариерно планирање на матуранти Роми за академската 2018/2019 година, во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.

 Povik-za-struchno-lice--za-profesionalna-orientacija-i-karierno-planiranje-na-maturanti-Romi-2019.pdf

Повик за пријавување на јавни говорници на теми поврзани со Ромите, за ораторски настапи

ЗГ „РОМАВЕРЗИТАС“ ќе организира ораторски настапи со јавни говори на теми за ромскиот народ – минато, сегашност и иднина. Темите на јавните говори, во согласност со афинитетите на селектираните јавни говорници, ќе ги опфатат: ромскиот идентитет, ромскиот јазик, ромската историја, култура и традиција, ромското/младинското движење/организирање, наративот за Ромите, актуелни прашања и проблеми на ромската заедница во Македонија и други теми кои се поврзани со Ромите. 

Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , со назнака повик за јавни говорници за 8 април, најдоцна до 26 Февруари 2019, до 14 часот.

Povik-za-javni-govornici-2018_2019.pdf

Повик за стручно лице кое ќе испорача курс по ромски јазик, историја и култура за академската 2018/2019 година

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ објавува повик за стручно лице кое ќе испорача курс по ромски јазик, историја и култура, со цел зголемување на информираноста на студентите Роми за ромскиот јазик, историја и култура, зајакнување на нивниот ромски идентитет, како и воспоставување на позитивни практики за учење и негување на ромскиот јазик, историја, култура и идентитет во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.

Povik-za-stuchno-lice-za-isporaka-na-kurs-po-romski-jazik.pdf

Донатори

Соработници

Видео