Новости
Дури 75 проценти од Ромите во Македонија се невработени
- Детали
- Објавено: Четврток, 28 Декември 2017 12:03
- Посети: 8814
Ромскиот Образовен Фонд, согласно своите анализи, тврди дека дури 75 проценти од Ромите во Македонија се невработени. Според РЕФ, 88 отсто од нив имаат нецелосно основно образование, односно 4.4 проценти нецелосно средно образование.
„Анализите покажуваат дека стапката на невработеност на Ромите изнесува 75 отсто, што е највисока од сите етнички заедници во Македонија, а повеќе од двојно од националниот просек. Иако, официјалните податоци укажуваат на тоа дека Ромите сочинуваат 47% од сите невработени лица и обезбедуваат увид во образовниот профил на невработените Роми: 88% имаат целосно или нецелосно основно образование, 4,14% имаат целосно или нецелосно средно образование, а потоа 1% има завршено високо образование“, вели Сенад Мустафов, претставник на РЕФ во Македонија.
Согласно РЕФ ИПА проектните активностите за возрасни (период 2016-2017 година), статистиката вели дека 190 возрасни Роми (од кои 67 отсто се жени на возраст меѓу 16 и 40 години) добиле диплома за заврешно основно образование. Потоа, 142 возрасни Роми (42 отсто жени), на возраст од 18 до 40 години, завршиле средно образование, 125 возрасни Роми (70 се жени на возрст од 16 до 40) завршиле обуки за меки вештини и активно барање на работа. Дури 34 лица, до завршување на проектот, веќе се вработени. Во однос на раниот детски развој, благодарение на ИПА РЕФ проектот, 72 деца (од 2 до 6 години) се запишале и посетуваат градинка, односно 120 деца учествувале во активностите за ран детски развој.
Според РЕФ сиромаштијата заснована на приходите кај Ромите е 63% во споредба со 27% за етнички Македонци и 29% за етничките Албанци, додека сиромаштијата базирана на трошоци е 44% за Ромите во споредба со 14% за етнички Македонци и 30 % за етничките Албанци.
„Ромите се најмногу погодени од невработеноста и нивната стапка на невработеност е повеќе од двојно од националниот просек. Ромките имаат највисока стапка на невработеност од 72,8%. Според ромските невладини организации, вистинската бројка е повеќе од 90%, што се проценува врз основа на фактот што не сите Роми се регистрирани во агенциите за вработување и дека 85% од ромските семејства се корисници на социјална помош“, вели Мустафов.
Докажувањето на оваа статистика биле причина за реализација на нивните проекти „Завршување на училиштето како патека кон вработување“ и „Подобрување на вработувањето преку образование и обуки“ од кои произлегле резултати дека образованието е клучната точка за зголемување на вработеноста кај Ромите. Двата проекти се финансирани во рамки на ЕУ програмата ИПА, спроведувани од РЕФ од Будимпешта во партнерство со ромски граѓански организации во Македонија.
„Признавајќи ги овие прашања, потребни се повеќе напори за постигнување одржлив и траен напредок во однос на интеграцијата на Ромите во Македонија. Треба да се разгледа финансиската помош како што е ИПА, како и техничката помош за социјална интеграција на Ромите од Македонија. За да се поправи ситуацијата постои потреба од интервенции кои бараат јасна и точна координација помеѓу различните засегнати страни. Сметаме дека постои потреба за обезбедување на Ромите со основно и средно образование да претставуваат основи за понатамошна обука и активно пребарување на пазарот на трудот“, заклучува Мустафов.