Доделени сертификати за завршен курс по странски јазици - Скопје [Back to Gallery]
На 27 Јуни 2016 година во Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во Скопје беа доделени сертификати за успешно завршен курс по странски јазици на студенти Роми кои студираат во Скопје, од кои 27 студенти Роми успешно завршија курс по Англиски јазик и 5 студенти Роми успешно завршија курс по Германски јазик.
Курсот по странски јазици беше реализиран во тримесечен период од страна на Центарот за странски јазици „ЛИНГВА ФРАНКА“.
Курсот по странски јазици е дел од Проектот „Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ и има за цел да ги надгради индивидуалните знаења и вештини за странски јазици на студентите Роми.
Проектот „Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ е целосно финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд, Будимпешта.