Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми од Македонија
Работилница на тема: Ромски јазик, историја и култура - Тетово
- Детали
- Објавено: Четврток, 23 Јуни 2016 11:37
- Посети: 13559
Во канцеларијата на Ромаверзитас Тетово, на 04.06.2016 се одржа работилница насловена РОМИ – ЖИТЕЛИ НА СВЕТОТ (Култура, јазик и традиција) каде присутни беа студенти од Штуловиот универзитет и студенти од Универзитетот Гоце Делчев – Штип.
Предавач на работилницата беше Севдија Абдулова која на самиот почеток од нејзиното предавање ги презентираше Одлуките од првиот конгрес кој се одржа 1971 година во Лондон.
Работилницата, веднаш по завршувањето на прашањата и одговорите од првата тема продолжи со насловот така наречен Ромски народ – под групи, каде предавачот напомена неколку видови под групи и тоа: Кале, Синти, Романикал, Романисел, Калдераши, Бојаши, Ерлидес/Арлии, Ловари, Ромунгро и Муслимански народ, таа поединечно ги наброи под групите која под-група во која држава живее.
Во делот Ромски јазик, предавачот напомена дека истиот спаѓа во индо-аријанската група на јазици која е дел од индо-европското јазично семејство и дека ромскиот јазик се дели на повеќе дијалекти и тоа: Северни ромски дијалекти, Централни ромски дијалекти, Балкански ромски и Влах ромски. Предавањето продолжи со насловот Култура, традиција и обичаи каде исто така се презентираше ромската традиција наречена Романо законо – Романипен која содржи морални правила карактеристични за Ромите и кои се пренесуват од генерација на генерација, Традиционалните ромски занаети и професии беа исто така тема која привлекуваше доста внимание кај самите студенти кои сами кажуваа дека во корените на нивните семејства постојат занаетите со трговија со коњи, ковачки занает и т.н. Исто така се напомена и Религијата и дека постојат Роми римокатолици, православни, протестанти и муслимани.
Веднаш после паузата за Ручек се презентираше Ромската носија која исто така беше доста интересна за присутните каде истите се впуштија во прашања а дел раскажуваа дека сеуште истата носија ја користат на свадбените веселби.