Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми од Македонија
Работилница на тема: Техники за академско пишување
- Детали
- Објавено: Понеделник, 25 Јули 2016 11:40
- Посети: 10283
На 11 Јули 2016 година беше одржана работилница на тема „Техники за академско пишување“, како една од работилниците за зајакнување на академските перформанси и вештини на студентите Роми, во рамки на проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка за студенти Роми во Македонија“.
Работилницата на тема „Техники за академско пишување“ имаше за цел да се запознаат студентите со техниките на пишување семинарски труд, есеј и научен труд, да ги применат стекнатите знаења во пишување на план за изработка на семинарски труд, есеј и научен труд и да ги применат стекнатите знаења и вештини во текот на нивното студирање.
Работилницата на тема „Техники за академско пишување“ беше испорачана од г-дин Дениз Османи, дипломиран професор по македонски јазик и литература.
Работилниците за зајакнување на академските перформанси и вештини на студентите Роми се дел од проектот “Ромаверзитас - академска и друга поддршка за студенти Роми во Македонија“, кое е целосно финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд, Будимпешта.