Генерални информации за проектот
Проект: Вклучени и активни млади
- Детали
- Посети: 1484
Цели на проектот
- Да се зголеми вклученоста на младите од општина Шуто Оризари во идентификување на сопствените потреби и решениа за изготвување на локална младинска стратегија во општина Шуто Оризари за нивно активното учество во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница.
- Да се воспостават позитивни механизми на соработка помеѓу младинските засегнати страни и практики за вклучување во процесите на донесување одлуки на локално ниво, негување на форми на младинско учество и застапување.
Активности на проектот
- Воспоставување на соработка со општина Шуто Оризари и останати локални чинители на младинското прашање за поврзување на младите со општина Шуто Оризари и другите чинители
- Изготовка на анализа на потребите и проблемите на младите од општина Шуто Оризари
- Формирање на работна група составена од околу 18 членови од сите засегнати страни на младинското прашање која ќе ја изготви локалната младинска стратегија за општина Шуто Оризари
- Работилница 1 – Вовед во креирање на младински политики и локална младинска стратегија
- Работилница 2 – Вовед во тригодишна/четиригодишна локална младинска стратегија за општина Шуто Оризари
- Подготовка на драфт локална младинска стратегија за општина Шуто Оризари
- Организирање на јавна расправа за драфт локалната младинска стратегија за општина Шуто Оризари
- Подготовка на финална локална младинска стратегија за општина Шуто Оризари
- Поднесување на локална младинска стратегија за општина Шуто Оризари до Советот на општина Шуто Оризари
- Промоција и дистрибуција на финалната локална младинска стратегија за општина Шуто Оризари
- Работилница 3 - Креирање на акционен план
- Работилница 4 – Форми на младинско учество како потенцијал за успешно спроведување на локалната младинска стратегија на општина Шуто Оризари.
Соработници на проектот
- Општина Шуто Оризари
- Здруженија на граѓани
Временски период на спроведување на проектот
01 Мај 2019 – 31 Октомври 2019
Донатор на проектот
Проектот е под-грант на проектот за младинско изразување со број на грант IPA/2017/393-661, финансиран од Европската унија.
Висина на грантот
6550 ЕУР