Генерални информации за проектот
Проект: Конект за организирано делување на младите Роми
- Детали
- Објавено: Среда, 10 Јули 2019 17:13
- Посети: 1385
Цели на проектот
- Да се вклучат засегнатите страни, односно студентите Роми, дипломираните Роми, младинските ромски организации во анализа на проблемот и во генерирањето на идеи за апликативни форми за младинско/студентско учество и организирање;
- Да се зголемат капацитетите на ромските младински организации за форми за младинско/студентско учество и организирање, и во исто време да се стимулира нивната употреба на одредени форми;
- Да се стимулираат одредени форми за младинско/студентско учество и организирање, преку формирање на клуб на алумни.
Активности на проектот
- Тренинг за формите на младинско/студентско учество и организирање и пишување на краток документ за јавни политики
- Пишување на краток документ за јавни политики со заклучоци и препораки
- Презентација и промоција на наодите од краткиот документ за јавни политики
- Формирање на клуб на алумни Роми
Временски период на спроведување на проектот
01 Ноември 2016 – 01 Мај 2017
Донатор на проектот
Проектот е под – грант на проектот „Мрежа на ромски граѓански организации – Одговор на ромската заедница“ финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на ИПА/2015/371474, компонента: Поддршка на невладини организации и слобода на медиуми.
Висина на грантот
307.142 МКД