Новости
Се одржа Рома фест
- Детали
- Објавено: Сабота, 24 Ноември 2018 09:00
- Посети: 1433
Дваесет и пет музички имиња беа дел од овогодинешниот концерт на ромска традиционална музика Рома фест, кој минатата недела се одржа во Македонската опера и балет. Познатиот Хусеин Еминовиќ и диригентот Иван Еминовиќ ја потсетија публиката на звукот на традиционалните песни на ромската заедница во Македонија. Како дел од репертоарот беа испеани познатите нумери „Šutko“, „Kemano bašal e Romange“, песната „Androvera“, „Phirav mange korkoro“ и многу други стари ромски песни од познати интерпретатори.
Публиката со одржување на овој концерт како да се врати пред 25 години кога се организираше фестивалот „Шутка Фест“. По завршување на концертот и на социјалните мрежи врие од коментари дека Рома фест претставува „презентација на ромската култура“, ...... дека „се потсетивме како пред 25 години на фестивалот Шутка фест“, ... “вакви манифестации ни требаат“...
Организатор на манифестацијата беше Асоцијацијата Романо Ило, која впрочем прославува и 20- годишен јубилеј. Тие најавуваат уште поспектакуларно издание на фестивалот за следната година со нови аранжмани во кои ќе бидат вклучени оркестарот и хорот на Македонска опера и балет.