![](/images/vest1_ri10.jpg)
Конкурси
Ромаверзитас со повик за микроистражувачки проекти
- Детали
- Објавено: Среда, 14 Март 2018 11:54
- Посети: 11711
![](/images/vest1_ri10.jpg)
Тим од најмалку двајца студенти/алумни и ментор може да аплицира за грант за микроистражувачки проекти на најновиот повик на здружението на граѓани „Ромаверзитас“. Апликанти може да бидат само учесниците на една од двете веќе одржани работилници од модулот за Техники за микроистражување.
Со овој повик, Ромаверзитас обезбедува поддршка студентите Роми да стекнат дополнителни знаења, вештини и практична работа за подготвување и спроведуваање на истражувања, да ги надградат своите способности за критична анализа и пишување и со нивниот истражувачки труд, да влијаат врз унапредување на состојбите опфатени со истражувањето.
Истражувачките проекти може да се однесуваат на теми поврзани со образование и Роми ромски идентитет и колективната одговорност кај младите Роми, студентски стандард (студентско сместување, стипендии, студентска работа, студентско информирање, студии, културно - забавен живот), младинско учество и организирање (студентски парламент, НВО, волонтерство, неформално образование, мрежи и слично и вработување на младите.
Апликацијата за грантот за микроистражување може да се најде во платформата Е-Ромаверзитас.