Конкурси
Повик за стручно лице кое ќе испорача курс по ромски јазик, историја и култура
- Детали
- Објавено: Петок, 05 Јануари 2018 09:25
- Посети: 2107
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“, објавува повик за стручно лице кое ќе испорача курс по ромски јазик, историја и култура со цел зголемување на информираноста на студентите Роми за ромскиот јазик, историја и култура, зајакнување на нивниот ромски идентитет, како и воспоставување на позитивни практики за учење и негување на Ромскиот јазик, историја, култура и идентитет во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
Пријавувањето за повикот за стручно лице кое ќе испорача курс по ромски јазик, историја и култура за академската 2017/18 година е најдоцна до 18 јануари 2018 година.