Конкурси
Јавен повик за ангажирање на 40 теренски соработници во рамки на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите
- Детали
- Објавено: Петок, 19 Март 2021 13:15
- Посети: 2939
Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико во периодот Јануари 2021 до Јануари 2024 година го спроведува проектот насловен Проект на УСАИД за инклузија на Ромите, финансиран од УСАИД – Македонија во партнерство со организациите ЗГ „Иницијатива за Економски Развој на Ромите- РЕДИ“, Организација за јакнење и организирање на ромската заедница “Романо Авази” и Здружение на граѓани Ромаверзитас.
Опфатени општини: Дебар, Виница, Кочани, Куманово, Гостивар, Прилеп, Штип, Тетово, Кичево, Берово, Струмица, Радовиш, Кавадарци, Битола, Чаир, Шуто Оризари, Крива Паланка, Велес, Неготино, Ѓорче Петров.
Целта на проектот е да го зголеми капацитетот на ромските лидери во заедницата како и да овозможи нивно вклучување во Националната стратегија за имплементација на Роми, Стратегијата едно општество и вклучување во процесот на дизајнирање на локални акциони планови за Роми.
Исто така со овој проект се предвидува процес на развој предводен од заедницата во дваесет општини каде ќе се стават во функција канцеларии во кои ќе се даваат услуги и информации поврзани со правна, социјална заштита и поддршка на социјално претприемништво.
1. Ангажирање на бизнис фацилитатори (13 работни позиции)
Бизнис фацилитаторот треба да обезбеди техничка поддршка на претприемачите/ бизнисмените за развој на нивниот бизнис, како и поврзување на ромската заедница со можностите за вработување. Бизнис фацилитаторот истовремено треба да ги препознава и мапира предизвиците, потреби и можности на ромската заедница и бизнис секторот за зголемување на нивниот /бизнис, вработување и економско зајакнување.
Должности и одговорности на бизнис фацилитаторот
- Идентификување (мапирање) на потребите на ромските претприемачи, ромската заедница и можностите за економско зајакнување;
- Активно промовирање на програмата во заедницата преку спроведување и учествување на различни активности предвидени во рамки на проектот;
- Обезбедување на техничка поддршка и бизнис совети за Ромските претприемачи;
- Поврзување на Ромската заедница и претприемачите со релевантни институции;
- Информирање на Ромската заедница и претприемачите за можностите и потребни ресурси за економско зајакнување
- Собирање и следење на податоците за вработување на Ромската заедница, и зголемување на бизнисот на претприемачите;
- Организирање состаноци на локално ниво со клучните засегнати страни: локални лидери, успешни претприемачи, сопственици на пазари, невладини организации, локални инкубатори, други релевантни проекти и ресурси, со цел мапирање на постојните ресурси и нивно поврзување со програмата и понатамошно олеснување на претприемачите до пристап до нив;
- Поддршка на претприемачите/невработените лица во процесот на регистрација на бизнис и поддршка за искористување на мерки од АВРМ;
2. Ангажирање на правни монитори (14 работни позиции)
Правните Монитори треба да обезбедат мапирање, идентификација на проблемите на ромската заедница во полето на правно зајакнување и заштита на нивните човекови права. Правните монитори треба да понудат помош на ромската заедница во искористување на нивните права и услуги пред различни институции на локално ниво.
Должности и одговорности на правен монитор
- Советување и упатување до релевантни институции;
- Поддршка во пишување на различни поднесоци до институции (жалби, молби, барање, изјави);
- Мапирање случаи на прекршувања на човекови права;
- Посета на ромски домаќинства за идентификување на проблеми;
- Придружба за застапување на одреден случај до адвокат;
- Присуство на обуки, работилници и други активности предвидени со проектот;
- Учество на состаноци, обуки, настани и други проектни или организациски активности во согласност со потребите проектот поддржан од УСАИД;
- Информирање на заедницата во различни области;
3. Ангажирање на мобилизатори на заедницата (13 работни позиции)
Мобилизаторите на заедницата треба да ја организираат ромската заедница на локално ниво, да ги идентификуваат проблемите и потребите на заедницата, како и да понудат поддршка за решавање на проблемите вклучувајќи застапување пред институции и мотивирање на заедницата за преземање на различни иницијативи и одговорност на институциите за решавање на проблемите на заедницата.
Должности и одговорности
- Мапирање на приоритетните локални проблеми на ромската заедница;
- Претставување и застапување на локалните проблеми пред ромската заедница и релевантни институции;
- Организирање на работни состаноци со различни институции на локално ниво;
- Организирање на дијалози со заедницата за релевантни прашања на локално и национално ниво;
- Одржување и унапредување на односите и довербата со ромската заедница на локално ниво и институциите;
- Логистичка поддршка за подготовка на активности во рамки на проектот;
- Учество на состаноци, обуки, настани и други проектни или организациски активности во согласност со потребите проектот поддржан од УСАИД;
Критериуми за аплицирање
- Завршено средно или високо образование;
- Искуство во работа со Ромска заедница;
- Желба и подготвеност за работа на терен;
- Познавање на Англиски и Ромски јазик ќе се смета за предност;
- Основно познавање на MS Office;
- Одлични комуникациски вештини;
- Организациски вештини;
- Познавање и разбирање на локалниот контекст на ромската заедница во нивните локации;
- Препознатлив/а во ромската заедница;
- Одлични комуникациски вештини;
- Чувство за колективен интерес на ромската заедница и мотивираност за позитивни промени за заедницата на локално и национално ниво;
- Личност од доверба и интегритет;
Начин и потребни документи за аплицирање
1. Лична биографија - CV
2. Мотивациско писмо кое треба да одговори на следниве прашања: Зошто аплицирате за работната позиција? Ве молиме, наведете какво било релевантно искуство за кое сметате дека ве прави соодветни за оваа позиција, вклучувајќи ги и вашите најзначајни достигнувања. (максимум 700 зборови)
3. Писмо за препорака од претходен работодавец/организација
Датум на објава: 19 Мaрт 2021
Краен рок за аплицирање: 31 Март 2021
Работно време: Пола работно време
Времетраење: 1-3 години
Документите за апликација треба најдоцна да се достават до 31 март 2021 год, и истите треба да се испратат на следниот емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со наслов: Апликација за теренски соработник.
Во рамките на процесот на селекција, ќе се организираат две инфо сесии за појаснување на прашања поврзани со повикот.
Кликнете тука за да го преземете повикот во PDF формат.