Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми од Македонија
Работилница на тема: Ромски идентитет и ромско движење - Тетово
- Детали
- Објавено: Четврток, 23 Јуни 2016 11:38
- Посети: 10240
Работилницата за Ромски идентитет беше одржана во канцеларијата на Ромаверзитас Тетово на ден 11 Јуни 2016 год. Насловот на Темата беше: ”Ромски Идентитет и Ромско Движење” како една од главните компоненти во проектот насловен “Академска и друга подршка на Ромите студенти во високото образование на Р.Македонија во академската 2015/2016 година ” Работилницата се состоеше во 2 делови, едниот дел започна со работилница на Ромски Идентитет кој дирекно ја водеше Адем Адеми, се зборуваше Што е Идентитет? Како го дефинираме поимот и колку различен може да биде начинот на самодефинирање. Се продолжи дискусијата со Колетивниот идентитет дефинирање како и Политичкиот идентитет , имаше доста добри дискусии и размислувања помеѓу самите учесници како се пронаоѓаат во Политиката дирекно или индирекно и како тие се настроени со идеологијата и задачите на ромските политички партии, и која е нивната главна ориентација настроена на 3 правци: левичарско, централно и десничарско движење.
После паузата започна вториот дел на работилницата “Ромско Движење” предводена од Суад Скендери каде презентираше за почетоците на Ромското движење во Европа и Македонија, ни прикажа доста интересна информација за преговорите на Јозеф Квиек (Ромскиот Крал) со Мусолини за формирање на Ромска држава во Абесинија во времето пред Втората Светска војна но за жал не завршило успешно. Исто така се зборуваше за историските обиди на Европа за целосно иселување на Ромското население од европскиот континент кој за наша среќа завршило безуспешно. Ромското движење во рамките на поранешна Југославија започнала со КУД “Pralipe” каде се промовирала ромската култура, традиција и фолкор предводена од првиот ромски пратеник Фаик Абди. Се дискутираше за ромските невладини организации нивното влијание и ангажираност за подобрување на ромската социо-економска положба во Р.Македонија.
Целта на работилницата за Ромски идентитет и Ромско движење беше да се охрабри чуството на слободно декларирање на својот идентитет,запознавање со вредностите на самите себеси како и нивно зајакнување и ангажирање во идното младинско ромско движење во соработка со Здружението на граѓани РОМАВЕРСИТАС.