romaversitas.org.mk

Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми од Македонија

Работилница на тема: Ромски идентитет и ромско движење - Тетово

Работилницата за Ромски идентитет беше одржана во канцеларијата на Ромаверзитас Тетово на ден 11 Јуни 2016 год. Насловот на Темата беше: ”Ромски Идентитет и Ромско Движење” како една од главните компоненти во проектот насловен “Академска и друга подршка на Ромите студенти во високото образование на Р.Македонија во академската 2015/2016 година ” Работилницата се состоеше во 2 делови, едниот дел започна со работилница на Ромски Идентитет кој дирекно ја водеше Адем Адеми, се зборуваше Што е Идентитет? Како го дефинираме поимот и колку различен може да биде начинот на самодефинирање. Се продолжи дискусијата со Колетивниот идентитет дефинирање како и Политичкиот идентитет , имаше доста добри дискусии и размислувања помеѓу самите учесници како се пронаоѓаат во Политиката дирекно или индирекно и како тие се настроени со идеологијата и задачите на ромските политички партии, и која е нивната главна ориентација настроена на 3 правци: левичарско, централно и десничарско движење.   

 

После паузата започна вториот дел на работилницата “Ромско Движење” предводена од Суад Скендери каде презентираше за почетоците на Ромското движење во Европа и Македонија, ни прикажа доста интересна информација за преговорите на Јозеф Квиек (Ромскиот Крал)  со Мусолини за формирање на Ромска држава во Абесинија во времето пред Втората Светска војна но за жал не завршило успешно. Исто така се зборуваше за историските обиди на Европа за целосно иселување на Ромското население од европскиот континент кој за наша среќа завршило безуспешно. Ромското движење во рамките на поранешна Југославија започнала со КУД “Pralipe” каде се промовирала ромската култура, традиција и фолкор предводена од првиот ромски пратеник Фаик Абди. Се дискутираше за ромските невладини организации нивното влијание и ангажираност за подобрување на ромската социо-економска положба во Р.Македонија.

Целта на работилницата за Ромски идентитет и Ромско движење беше да се охрабри чуството на слободно декларирање на својот идентитет,запознавање со вредностите на самите себеси како и нивно зајакнување и ангажирање во идното младинско ромско движење во соработка со Здружението на граѓани РОМАВЕРСИТАС. 

Ромаверзитас - академска и друга поддршка за студенти Роми во Македонија

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Донатори

Соработници

Видео