Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми од Македонија
Работилница на тема: Комуникација со јавноста и новинарско изразување
- Детали
- Објавено: Петок, 28 Октомври 2016 11:42
- Посети: 10093
На 22 Октомври 2016 беше одржана работилница на тема: Комуникација со јавноста и новинарско изразување во РОМАВЕРЗИТАС во Скопје. Со оваа работилница учесниците се запознаа со поимите информација, новост, вест и новинарство, со видовите медиуми и структура на медиуми. Покрај тоа, стекнаа знаења и вештини за вест, интервју, репортажа и други видови на новинарско изразување. Во попладневниот дел од работилницата учесниците се запознаа со поимот јавност и јавно мислење, кое беше основа за продуктивна интеракција и придонес на учесниците за концептот на електронското списание „Рома Индекс“. Учесниците, преку работа во групи и дискусија го изразија нивното размислување по однос на целта, содржината и уредувањето на „Рома Индекс“, електронското списание на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“.
Оваа работилница беше испорачана од м-р Тодор Стојчевски, долгогодишен новинар, уредник во медиуми и менаџер на Агенција за односи со јавност. Работилницата за комуникација со јавноста и новинарско изразување е дел од проекот „Ромаверзитас – академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.