Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми од Македонија
Работилница на тема: Менаџирање на време за ефективно учење
- Детали
- Објавено: Вторник, 13 Декември 2016 11:45
- Посети: 10718
На 26 Ноември 2016 беше одржана работилница на тема: Менаџирање на време за ефективно учење. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со концептите за тоа што е време како поим, менаџирање на времето, матрица за селекција на активности и нејзина имплементација и концепт на креирање на To-Do листа. На крајот научија како да имплементираат план за менаџирање на време и како да ги избегнат многуте така наречени „Крадци на време“.Сите овие теоретски концепти беа придружени со интерактивни игри со кои студентите меѓусебно разменија мислења за нивниот концепт за менаџирање на време што го применуваа до работилницата и што е она што треба да го променат во своето идно планирање на активностите.
Оваа работилница беше испорачана од доцент Лазар Ѓуров, долгогодишен и успешен обучувач, но и професор на Воената академија, Бизнис Академија Смилевски и претседател на „СИМБИОТИКА“. Работилницата за менаџирање на време за ефективно учење е дел од проекот „Ромаверзитас – академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.