Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми од Македонија
Работилница на тема: Методологија на научно истражувачка работа
- Детали
- Објавено: Среда, 04 Јануари 2017 11:47
- Посети: 10578
На 17 и 24 Декември 2016 беше одржана дво-дневна работилница на тема: Методологија на научно истражувачка работа. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со основните поими во научно истражувачката методологија, стекнаа способност за самостојно и/или менторски водено применување на основните методи во научно истражувачката работа на основно ниво и се информираа за дополнителни извори на информации (учебници, водичи и останата литература) за обработената тема за понатамошно образование и усовршување. Сите овие концепти, кои беа распределени во два дена поради нивно поуспешно совладување, ги поттикнаа студентите да споделат искуства и чести грешки во оваа област кои преку интеркативен пристап ги надминаа и се здобија со основата за подготовка на идна научно истражувачка работа.
Оваа работилница беше испорачана од Александар Спасов - доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје. Работилницата на тема: Методологија на научно-истражувачка работа е дел од проекот „Ромаверзитас – академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.