Ромаверзитас - академска и друга поддршка на студенти Роми од Македонија
Еднодневна работилница на тема: Презентациски вештини
- Детали
- Објавено: Вторник, 28 Февруари 2017 11:49
- Посети: 9991
На 25 Февруари 2017 беше одржана еднодневна работилница на тема: Презентациски вештини. На оваа работилница присувствуваа студенти Роми од Скопје, Штип и Тетово кои се запознаа со чекорите за подготвување на успешна презентација и ги совладаа вештините на еден успешен презентер. Во опуштена атмосфера студентите учеа за самостојно презентирање, групно презентирање и креирање на едноставна, јасна и интересна презентација како и нејзино поатрактивно презентирање се со цел задржување на вниманието на публиката.
Сите овие сегменти од работилницата беа успешно исполнети, а студентите преку интерактивни вежби во групи ги проширија своите знаења, дознаа каде ги прават најчестите грешки и успешно ги совладаа сите предвидени теми.
Оваа работилница беше испорачана од Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ, доктор на политички науки. Работилницата на тема: Презентациски вештини е дел од проекот „Ромаверзитас – академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“, финансиски поддржан од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), Будимпешта.