Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Се одржа првата работилница за истражувачка работа
- Детали
- Објавено: Понеделник, 19 Февруари 2018 11:59
- Посети: 12507
Кои се истражувачките фази и како се изработува нацрт истражување, како се формулира проблем, што се научни а што ненаучни методи, како се селектира примерок за истражување и теми поврзани со етиката во истражувањето, беа дел од темите кои се обработија на работилницата „Основи на истражувачка работа – акциски истражувања“.
На работилницата учествуваа 14 студенти и Ромаверзитас алумнисти, како дел од модуот „Техники на истражување“. Работилницата се одржи на 10 февруари 2018 година, од страна на професор д-р Николина Кениг од Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје.
По двете работилници за истражувачка работа, учесниците може да аплицираат за грант за микроистражување.