
Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Кабинетот на Министерот без ресор и Ромаверзитас
- Детали
- Објавено: Петок, 15 Јуни 2018 00:14
- Посети: 13721

Здружение на граѓани „Ромаверзитас“ и Министерот без ресор – Аксел Ахмедовски, од Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020 потпишаа Меморандум за соработка.
Со потпишувањето на овој меморандум се воспоставува соработка помеѓу Кабинетот на Министерот без ресор и Ромаверзитас, со цел давање на поддршка за спроведувањето на волонтерска работа во рамки на проектот „Ромаверзитас - Со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, која придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно вклучување на младите студенти Роми во општествениот живот.
Соработката во рамките на овој меморандум ќе се остварува во делот на практиканство, односно волонтерска работа на еден студент корисник на Ромаверзитас во Кабинетот на Министерот без ресор, каде што во период од три месеци ќе има можност преку волонтерска работа да се запознае со работата на Владата на РМ и Кабинетот на Министерот без ресор, а воедно да ги зајакне своите лични и професионални капацитети.
Волонтерството има за цел да ги поддржи студентите Роми и алумнистите на Ромаверзитас за стекнување знаења, вештини и искуство во рамки на одредени работни организации или институции, кое ќе ја зголеми нивната подготвеност за вклучување во пазарот на трудот и институциите во Република Македонија. Волонтерството на студентите Роми е можност за контакти и работа со вработените во одредени работни организации или институции за понтамошно надградување во својата кариера.
Волонтерството е активност во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.