romaversitas.org.mk

Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности

Роми матуранти подготвени за упис на прв циклус студии

Здружение на граѓани „Ромаверзитас“  спроведе средба со матуранти Роми со цел да ги информира за тековните конкурси за упис на прв циклус на студии, за поддршките кои им се нудат како студенти, како и  да се мотивираат да продолжат со своето образование. На средбата со наслов „Информирање и мотивирање на матуранти 2017/18“ присуствуваа матуранти Роми од повеќе градови од Р.Македонија кои од септември планираат да продолжат со своето образование и да се запишат на факултет.

Матурантите имаа можност да бидат информирани за програмите за стипендирање од страна на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и претставник од РЕФ. На средбата имаше и излагања на РВ алумни кои со своите говори ги мотивираа идните студенти да ги постават своите цели за успешно и навремено дипломирање.  

Средбата започна со воведно обраќање на менаџерот на ЗГ „Ромаверзитас“, Силхан Саитов, кој со присутните сподели повеќе информации за тековните и идни активности, обуки и работилници кои Ромаверзитас ги нуди на студентите и воедно сподели очекувања на Ромаверзитас во однос на матурантите како идни студенти од кои се очекуваа активно да се вклучат и дадат свој придонес како млади Роми. 

На средбата следеше и обраќања од страна на алумнисти на Ромаверзитас,  Сонѓул Шабан Ахмед – Директорка на градинката „8 Април“, и  Доан Сулејманов – Директор на средното училиште “Шаип Јусуф, со цел да споделат свои искуства и да ги мотивираат матурантите. Тие со матурантите го споделија својот пат кон високото образование и изградувањето на своја кариера, како и искуства и поминатото време во Ромаверзитас кога тие беа студенти. 

„ И во брак може да се заврши факултет. Јас како жена Ромка, во брак, на студии и на работа успеав да завршам факултет. Ако сакате можете. Сега сум среќна мајка и сопруга, и работам како директорка на градинката „8 Април“ во Шуто Оризари“. Посетата на работилниците од неформалното образование, курсевите и обуки организирани од страна на Ромаверзитас и ден денес ги користам за да бидам добар менаџер.“ – вели  Сонѓул Шабан Ахмед. 

„ Се надевам и верувам дека овие денешни наши излагања ќе бидат главен двигател и мотивација за вас матурантите за вашето понатамошно градење и успех. Кога јас бев студент, Ромаверзитас беше мој втор дом. Таму ги запознав сите, влегов во блиски пријателски врски кои ден денес ги негувам. Така се интегрирав во ромската заедница во Скопје, па и пошироко. Искуството кое го стекнав во Ромаверзитас ми помогна и ме зајакна во работата првин како професор во средното учлиште  „Шаип Јусуф’, а потоа и како директор на училиштето“ – вели Доан Сулејманов. 

Проектниот координатор Фикрија Таир ги презентираше конкурсите за упис на прв циклус на студии од неколкуте најрангирани универзитети во Македонија. Матурантите имаа можност повеќе да слушнат за уписите, за услови и рокови на упис, квоти при упис, како се пресметуваат поени, кои документи се потребни за поднесување, исто така имаа можност да им се одговори на прашања  околу конкурсите кои не им беа доволно јасни. Воедно, им се нагласи дека Ромаверзитас им нуди помош во подготовка и испраќање на приговори, доколку некој од матурантите ќе има потреба од тоа. 

Ајсел Мемет – Националната координаторка на  РЕФ Програмата за стипендирање и алумнист на Ромаверзитас, им се обрати на матурантите со споделување на информации за поддршката која РЕФ ја овозможува на студенти Роми во високото образование, за тековните активности и рокови од веќе почната фаза на програмата за стипендирање од РЕФ. Исто така, ги отповика матурантите на нивно активно вклучување и придонесување во заедницата.  

На крај од средбата обраќање имаше и Салија Ибраими како претставник од Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, која им се обрати на матурантите како идни студенти за работата на Министерството за образование и поддршката која тие ја овозможуваат на студентите Роми, со цел да се зголеми бројот на Роми  со завршено високо образование, особено оние кои се или планираат да студираат на  факултетите кои продуцираат наставнички кадар. 

Информирање и мотивирање на матуранти Роми за вклучување во високо образование е активност во рамки на проектот: „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“, финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.

 

Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Донатори

Соработници

Видео