Биди дел од заедницата – Дебатирај!
Нов проект „Биди дел од заедницата – дебатирај!“
- Детали
- Објавено: Четврток, 25 Октомври 2018 21:14
- Посети: 4599
За да се зголеми учеството на студентите Роми во креирањето политики поврзани со ромската заедница, организацијата „Ромаверзитас“ стартуваше нов проект со наслов „Биди дел од заедницата – дебатирај“. Проектот се спроведува во форма на дебата на која студентите ги искажуваат своите мислења, аргументи и различности во пристапите кон решавање на проблемите на ромското население. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено Општество-Македонија.
Досега се одржаа 3 работилници со 15 учесници, кои учеа и дебатираа за критичко размислување, побивање и одбивање, фаќање забелешки, активно слушање, стратегија за поставување прашања, видови тези, формати на дебата (Карл Попер, Линколн-Даглас, Британска Парламентарна дебата, Американска Парламентарна дебата, world schools debate, Јавна дебата), аргументирано комуницирање и практична примена на аргументирано комуницирање. Покрај теоретскиот дел, имаше и симулација на јавна дебата која послужи студентите да вежбаат за тоа што ги очекува во вистинските јавните дебати.
Препораки од првата дебата- Проект „Биди дел од заедницата – дебатирај!“ - Препораки од првата дебата- Проект „Биди дел од заедницата – дебатирај!“.pdf