Биди дел од заедницата – Дебатирај!
Средба меѓу претставници на Ромаверзитас и Општина Шуто Оризари
- Детали
- Објавено: Сабота, 22 Декември 2018 11:06
- Посети: 2063
Да се креира онлајн платформа за евалуација на постигнатиот успех кај учениците, да се воведе туторство во домашни услови, родителите да се вклучат во процесот на едукација беа дел од предлозите кои претставнците на Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ ги предложи на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.
Претставниците на Ромаверзитас ги презентираа мапираните проблеми во однос на осипување и враќање на децата повратници од странство.
На средбата во Општината, на која присуствуваа и советникот за образование, Рамиза Сакип и директорите на основните училишта „Браќа Рамиз и Хамид“ и “26 Јули“, Алвин Салимовски и Дритан Ганиу, воглавно, се разговараше како да се подобри опсегот на Роми во образовнието.
Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш потенцираше дека Општината е отворена за иновативни и ефективни младински иницијативи и посочи дека има воведено образовни медијатори и советник за образование, кој работи на подобрување на образованието кај Ромите.
Советникот за образование Рамиза Сакип образложи дека има можност за едномесечни презентации, наречени „role models“ за да се промовираат успешни приказни и да се мотивираат учениците за постигнување повисоки резултати во областа на образованието.
Sredba-na-debaterite-so-gradonachalnikot-na-opshtina-Suto-Orizari.pdf