romaversitas.org.mk

Биди дел од заедницата – Дебатирај!

Рамковниот договор и ромската заедница

На 24.12.2018 во просториите на АРМ во Скопје се одржа третата дебата од страна на студентите Роми кои говореа на тезата  „Ромите не ги остварија придобивките од Рамковниот договор според правичната застапеност “. Оваа дебата е дел од проектот „Биди дел од заедницата – дебатирај“ на организацијата Ромаверзитас, проект финансиран од Фондација Отворено Општество-Македонија.

 

Афирмативниот тим кои што го сочинуваа беа Ферзије Асаноска, Хурија Мукаиповска, Алмира Фаслии и Мухамед Етем. Стоеја зад ставот дека Рамковниот договор понуди можности за Ромите, но Ромите не ги исполнија додека пак негацискиот тим кои имаа спротивен став и кои што го сочинуваа Ајџан Маликоска, Ариф Адеми, Руфат Демиров и Џенгис Мемедовски стоеја зад ставот дека се направени измени кои беа или се добри за ромската заедница колку што можеше со тој договор. Модератор на настанот беше Дениз Османи.

Заклучоците за Рамковниот договор се во насока најслабо употребуван член за ромската заедница, делумно употребени членови и што е во полза на ромската заедница. 

Најглавниот, но и најслабо употребуван кој ѝ овозможува на ромската заедница да има повеќе вработување во општеството е членот за Вработување во јавна администрација. Вработувањето на Ромите во Република Македонија до 2017 изнесува 75 проценти, што е двојно повеќе од националниот просек на невработеност, тоа значи дека само 25% се вработени од Ромите.

Најмалку вработени Роми има во следните институции: МВР и Локална самоуправа вработени се 0.7%, во музеи 0,5%, во средните училишта 0,2%, високо образование  0,3% и основно образование  0,6% додека во апелационите судови, вишото јавно обвинителство, советот на јавни обвинители, преведувачи на ромски јазик по министерствата и судовите  нема ниеден Ром вработен. Има само 1 судија во Гостивар наместо да има 16 судии Роми.

Според извештаите на Народниот правобранител за  степенот на почитување на начелото за соодветна и правична за периодот 2007–2017 година и извештаите на Агенцијата за вработување на Република Македонија вработеноста на Ромите во 2007 година изнесувал 0,8%, а во 2017  е на 1,3%.

Дискриминацијата сѐ уште постои кога претставник на ромската заедница многу тешко добива унапредување на работното место во јавната администрација

Делумно што ги користи ромската заедница и ги употребува во нејзина полза се:  недискриминација и правична застапеност, слободно употребување на симболите на заедницата, мајчините јазици на учениците, локални началници на полицијата,  одлучување за прашања од локално значење...

Но, за жал ниеден од овие членови не е во целост искористен. 

Она што ромската заедница го употребува во нејзина полза се:  Квоти за упис на етничките заедници,  Симболи за обележување на идентитетот и одлучување за прашања од локално значење ...

Со рамковниот договор се зголемиле квотите на 86 студенти во 2006-07 година на 233 студенти во 2013/14 година. И од тогаш варира таа бројка. 

Според Охридскот Рамковен договор одлучено е во однос на локалната самоуправа, во општините каде одредена заедница сочинува најмалку 20% од населението на општината, јазикот на таа заедница ќе се употребува како службен јазик, дополнително на македонскиот. Затоа во општина  Шуто Оризари во јавните служби, Ромите  можат  да  разговараат на ромски јазик, гордо се вее ромското знаме покрај  македонското како и истакнување на симболите, се одбележуваат ромските празници. Во основните училишта се изучува ромски јазик, но нема третман на мајчин јазик со кој би се одвивала наставата во училиштето поради процентот на запишаните ученици – припадници на ромската заедница.  

Притоа Ромите  во општина Шуто Оризари имаат свои претставници во советот на општината  кои се мнозинство. Имаат градоначалник Ром како и управувањето со општината е во нивна надлежност.

Дебатерите сметаат дека претставниците на ромската заедница во Собранието, Владата, Советот на општините, управни одбори на институциите не преговараат добро за да се исполнат потребите на ромската заедница според правичната застапеност. 

Не успеваат да се согласат со страните кои се креатори на политики. Можат да ги користат Бадентеровото правило, да донесат заедничка декларација и програма која ќе се понуди пред Владата и пред Собранието и која ќе биде составен дел на активностите на Парламентот и Владата  заради остварување на правата и интересите на Ромите, на седниците во Парламентот или комитетите и комисиите да се повикуваат нашите претставници на Рамковниот договор и да се бара правична застапеност. 

Начинот на којшто треба да се одвиваат преговорите е преку Собранието, т.е Комитетот за етнички заедници, преку согласување со помалите етнички заедници, согласување со албанскиот блок и со пратеници од власта и опозицијата.

Ромските политички партии да го употребат гласачкиот лекторат како услов во преговорите за исполнување на обврските од Рамковниот.

Исполнувањето на Рамковниот договор не зависи само од преговорите на ромските политички партии. Зависи од ажурноста на самите граѓани преку граѓанските иницијативи кои треба да ги поддржат барањата и процесите на извршување на обврските и поддршката од меѓународните организации.

Законот за локална самоуправа им обезбедува на граѓаните учество во процесите на донесување одлуки преку повеќе форми на директно учество. Имено Законот ги предвидува следните законски признаени директни форми за учество на граѓаните: 

• граѓанска иницијатива;

 • граѓански собири; 

• референдум (Закон за локална самоуправа, 2002);

• претставки и предлози и

• јавни расправи, анкети и предлози како дополнителни форми на вклучување на граѓаните во процесот на локално одлучување (Закон за локална самоуправа, 2002).

Додека вклучувањето на трета страна е  меѓународната заедница. Да бараме средби и помош од највлијателните земји и организации кои го поддржуваат и финансираат Рамковниот. Со претставниците од меѓународната политичка сцена да се разговара за начините како правилно да се спроведува Охридскиот договор и како преку него да се дојде до кохезивно општество и да се изврши притисок врз Владата, Собранието и Судот праведно да се спроведува Рамковниот според правичната застапеност.

Како што се говореше на дебатата така произлегуваа и препораки кои што ќе можат да послужат во иднина, на некој начин и барања за вработување на Ромите:

-Отварање на полициска станица во општина Шуто Оризари со локален началник Ром,

-Користење на ромското писмо и јазик.

-Примена на Бадентеровото правило кое е предвидено со Рамковниот договор.

-Одвивање на преговорите преку Собранието на РМ, т.е Комитетот за етнички заедници.

-Унапредување на Ромите во државната и јавната администрација.

-Вработување на Ромите во државната и јавната администрација.

-Рамковниот договор да биде во корист на сите етнички групи, а не само на една.

-Преку Рамковниот договор да се бориме да добиеме уште еден пратеник, затоа што имаме право на тројца пратеници, а моментално се само двајца.

-Прегледување на годишните планови за вработување на сите државни и јавни институции за да се види дали правилно се пресметува бројот на нови работни места за ромската етничка заедница според балансерот за вработување и методологијата за негово користење.

-Да се спречи масовното иселување на Ромите кои трагаат по место каде ќе можат да ги задоволат своите работнички права.

-Треба да спроведуваме модели во општеството кое ќе ни овозможи да бидеме кохезивни и да ни носи добробит за сите. Таков пример претставува изборот на претседател во Сингапур. Таму има комисија која ги верификува кандидатите според критериуми и кандидатите на секој петти мандат да биде претседател од етничките заедници ако претседателот  во претходните два мандата бил од мнозинската заедница. Само што ние предлагаме да биде на секој трет мандат.

-Ромите да бидат сложни во давањето на гласови кога ќе се направи договор со коалиција.

 

Нашата цел како студенти е да ги поттикнеме сите останати, да ги поддржиме во вработувањето, односно да ги мотивираме и да докажеме дека ние Ромите можеме да работиме и во државни и во јавни институции и дека постоиме како етничка група која што ги има истите права како останатите етнички групи кои што ги содржи во Рамковниот договор.

КАЛЕНДАР НА АКТИВНОСТИ

 

А К Т И В Н О С Т И

ПЕРИОД

1.

ПРОМОЦИЈА И ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИЈА – СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Јануари

2.

МЕНТОРСТВО ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ОБЛАСТ

10 Ментори, за студенти на прва година запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија

Февруари – Јуни

3.

ТУТОРСТВО ОД ПРОФЕСОРИ, АСИСТЕНТИ, КОЛЕГИ И ВРСНИЦИ УСПЕШНИ ВО ПРЕДМЕТНАТА ОБЛАСТ

 30 студенти од сите студиски години запишани во приватните или државните универзитети во Република Северна Македонија, заради полесно совладување на материјата во предметната област.

Јануари - Август

4.

РАБОТНИ ПРАКСИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ

Број : 20 Студенти

20 Средношколци

20 Ментори за средношколците при извршување на работната пракса

Период : 3 Месеци

Работни пракси во институции, НВО, приватни фирми и компании

Јануари - Август

5.

БИБЛИОТЕКА НА РОМАВЕРЗИТАС

Студенти и корисници на Ромаверзитас. Набавка на нови книги потребни за користење од страна на студентите на Ромаверзитас

Јануари - Август

6.

МЕСЕЧНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИТЕ НА РОМАВЕРЗИТАС И КВАРТАЛНИ СОСТАНОЦИ СО СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА

Јануари - Август

7.

НАДОГРАДБА НА ПЛАТФОРМА Еромаверзитас И МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА СИТЕ СТУДЕНТИ И КОРИСНИЦИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Јануари - Август

8.

ПОДРШКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ,ФОРМИРАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УНИЈА НА МЛАДИ НА РОМАВЕРЗИТАС

Дебати, номинација и наградување на најдобрите студенти на генерацијата, Подршка на СИП (студентски иницијативи, кампањи), регистрирање во платформата ЕРомаверзитас и користење на мобилна апликација еРомаверзитас.

Јануари – Август

9.

ЗАБАВА, ПИКНИК, ТЕАТАР, ФИЛМСКА ВЕЧЕР И ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ

Јануари – Август

10.

РОМА ИНДЕКС

Број на вклучени лица: 5 лица и еден ментор

Јануари - Август

11.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА РОМСКИОТ НАРОД

Јануари - Август

12.

КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ

Број : 7 студенти на Ромаверзитас и

10 матуранти

Јануари - Август

13.

ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАНОВИ ЗА МАТУРАНТИ

Јуни – август

14.

ЗИМСКА БИЗНИС ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број : 20 Студенти,

Локација: надвор од Скопје, 4 ноќевања

Февруари

15.

ЗИМСКА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ НА ТЕМА :

- ИДЕНТИТЕТ, ВЛАДЕЊЕ НА ПРАВО, ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТИЈА И

- ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЛИВОСТА И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА СРЕДНОШКОЛЦИ РОМИ

Број : 40 Средношколци,

Локација: надвор од Скопје

Февруари

16.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: АКТИВИЗАМ И УЧЕСТВОТО НА ОБРАЗОВАНИ РОМИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ 

Број : 20  учесници

 

Локација:  надвор од Скопје

Февруари 

17.

СЕМИНАР НА ТЕМА: АКАДЕМСКИ ТЕХНИКИ И АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

 - Управување со време и Приоритизација,

- Кооперативно учење и делегирање, Истражување Анализа

- Академско пишување и критично размислување

Број : 45 Студенти,

Локација: надвор од Скопје

Април

18.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ

Број : 25 средношколци

Локација: Ромаверзитас

Мај

19.

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ПИШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ДОКУМЕНТ И МЕНТОРСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА POLICY BRIEF 

Број : 17 учесници, 

 

Локација:  надвор од Скопје

Мај

20.

ИНФОРМАТИВНИ И МОТИВАЦИСКИ СРЕДБИ СО МАТУРАНТИ

Мај – Август

21.

ТУТОРСТВО ЗА МАТУРАНТИ И ПОДГОТОВКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

за наставните предмети по математика, јазик, странски јазик и друг стручен предмет

Мај - Јуни

22.

ВРСНИЧКО МЕНТОРСТВО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Ангажирање на 10 ментори Роми, алумни на РВ за период од 2 месеци

Опфатени 20 средношколци

Април - Мај

23.

 РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СТУДЕНТИ НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И НАСТАП НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Број: 45 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

24.

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ

Број: 27 учесници,

Локација: надвор од Скопје

Јули - Август

Донатори

Соработници

Видео