Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд
Ромаверзитас со поддршка на 107 млади Роми
- Детали
- Објавено: Вторник, 02 Април 2019 10:32
- Посети: 1776
Повеќе од сто млади Роми, студенти и средношколци, станаа стипендисти на Здружението „Ромаверзитас“ со што се вклучија во проектот за зголемување на нивото на квалитетно образование и личен развој.
Изминатиот викенд, 97 средношколци и 10 студенти потпишаа договор за стипендирање во рамки на регионалниот проект „Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија.
Покрај финансиската поддршка на средношколците, Ромаверзитас во наредниот период ќе обезбеди и професионална ориентација и кариерно советување, обуки за градење вештини, вклучувајќи управување со време и подготовка на барање за работа заради полесна транзиција на пазарот на труд, подготовка на бизнис планови за ученици Роми во четвртта година во средно образование кои се заинтересирани за самовработување и работни пракси.
Во рамки на овој проект, студентите Роми ќе имаат можност да добијат поддршка при професионализација на нивната кариера, семинари, обуки и вештини за побрзо изнаоѓање работа на пазарот на трудот.
Главната цел на регионалниот проект е да се затвори јазот меѓу Ромите и не-Ромите, да се обезбеди пристап до квалитетно образование за Ромите во сите фази и да се обезбеди непречена транзиција од образование до вработување, како и промовирање на трајни системски промени на Западниот Балкан и Турција.