Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд
Средба за потпишување на договори со селектираните ментори кои ќе работат со матуранти Роми во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд, финансиран од Европска Унија
- Детали
- Објавено: Среда, 24 Април 2019 13:43
- Посети: 1452
На ден 23.04.2019 година во просториите на здружението на граѓани „Ромаверзитас“ се одржа средба со селектираните ментори кои ќе бидат ангажирани да работат со матуранти Роми во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на учениците Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“.
Ромаверзитас Македонија е партнерска организација на Ромскиот едукативен фонд во Будимпешта (РЕФ) и како таква е назначена за учество во регионалниот проект "Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија.
На средбата беа присутни селектираните ментори кои ќе спроведуваат менторски часови со матуранти Роми од повеќе градови. Средбата започна со презентација на проектот, проектните активности и цели, со посебен акцент и детално објаснување на целите на активноста менторство и работните задачи на менторите.
После презентацијата на активноста менторство и дискусијата поврзана со истата активност, се премина кон потпишување на договори за ангажирање на селектираните ментори кои ќе одржуваат менторски часови до 24 Јуни 2019 година.