Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд
Договорена е соработка на ЗГ Ромаверзитас со Зружение на млади правници
- Детали
- Објавено: Петок, 26 Април 2019 12:00
- Посети: 1417
Во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на учениците Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“, финансиран од Европска Унија, проектниот тим оствари средба со Здружение на Млади Правници за започнување на соработка во рамките на проектот.
На средбата беа презентирани проектните активности во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на учениците Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“, и „Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд“ кои се дел од регионалниот проект „Зголемени образвони можности за студенти и млади Роми во Западен Балкан и Турција“, спроведуван од Ромскиот Образовен Фонд, финансиран од Европска Унија.
На средбата беше отворена дискусија за можна соработка во делот на обавување на практиканство од страна на ученици и студенти Роми во Здружението на Млади Правници со цел стекнување на оперативни и практични знаења и искуства за понатамошен настап на пазарот на труд. За истата идеја, проектниот тим на Млади Правници, истакна дека ваквата соработка е од исклучителна важност за студентите преку која ќе добијат можност да бидат инволвирани и во директен контакт ќе работат со заедницата со обавување на теренска работа.
Како заклучок од средбата произлезе дека здружението на граѓани „Ромаверзитас“ и Здружението на Млади Правници во идниот период ќе потпишат меморандум за соработка во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на учениците Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“.