Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд
Спроведени Работилници за кариерно светување во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд, финансиран од Европска Унија
- Детали
- Објавено: Вторник, 21 Мај 2019 14:19
- Посети: 1147
Здружението на граѓани Ромаверзитас во рамките на проектите "Зголемување на пристапот и учеството на учениците Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд" и "Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд"
кои се дел од регионалниот проект „Зголемени образовни можности за студенти и млади Роми во Западен Балкан и Турција“, спроведуван од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) финансиран од Европска Унија организираше работилница за кариерно советување на ученици од 4-та година средно образование.
На работилниците за кариерно советување земаа учество ученици кои се во последна година од нивното средно образование, односно 4-та година.
Учениците заедно со ангажираниот експерт креираа кариерен план според нивните афинитетеи, интереси, потенцијали, вештини и капацитети. Беа спроведени тестови за професионални нтереси, тестови за способности, тесови за работни вредности, тестови за работна мотивација, тестови за проценка на вештини, прашалници за особини на личности.