Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд
Одржана зимска школа за градење на капацитети за настап на пазарот на труд за ученици Роми
- Детали
- Објавено: Четврток, 13 Февруари 2020 10:05
- Посети: 1233
Во период од 07.02 – 10.02.2020 година во Битола се одржа зимска школа за градење на капацитети за настап на пазарот на труд за средношколци во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на учениците Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“ кој е дел од регионалниот проект "Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија и Ромски образовен фонд.
Зимската школа беше наменета за средношколци Роми каде имаа можност да стекнат знаења и вештини потребни за настап на пазарот на труд. Во првиот дел од работните сесии на школата учесниците имаа можност за стекнување на теоретски но и практични знаења за теми поврзани со комуникациски вештини и деловно комуницирање вклучувајќи ја и вербалната и невербалната комуникација, вештини за активно слушање на соговорниците и успешно преговарање и управување со потенцијалните конфликти со соговорниците. Понатаму, учесниците имаа можност да стекнат знаења за подготовка на успешна апликација за работно место, и техники за пишување на кратка биографија (CV) и мотивационо писмо, а потоа и практични знаења за техники и вештини за подготовка но и успешно спроведување на интервју. Основите на претприемништво и можностите за бизнис беа последната од темите со кои учесниците имаа можност да се здобијат со знаења.
Оваа зимска школа овозможи стекнување на теоретски и практични знаења, многу дружење и заеднички моменти кои што потикнаа нови знаења и искуства.