Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд
Повик за ангажирање на едно лице (1) обучувач за испорака на обуки и работилници во летна школа за градење на капацитети за настап на пазарот на труд
- Детали
- Објавено: Среда, 22 Јули 2020 14:11
- Посети: 1002
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ објавува повик за ангажирање на едно лице (1) обучувач за испорака на обуки и работилници во летна школа за градење на капацитети за настап на пазарот на труд, за зајакнување на личните, академските и професионалните вештини и способности на ученици Роми за настап на пазарот на труд во рамки на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“ финансиран од Европска Унија и Ромскиот Образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
1. Теми, распоред и опис на работилниците
Теми на школата за градење капацитети за настап на пазарот на труд:
- Управување со времето (Time management)
- Вештини за барање на работа
- Активни мерки за вработување
2. Документи за пријавување
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:
- Документ кој ќе го потврди степенот на завршено високо образование;
- Кратка биографија која ќе ги содржи најважните претходно испорачани работилници, обуки и семинари;
- Листа на испорачани работилници/обуки за темата/ите за кои се пријавувате;
- Предлог дизајн за секоја од работилниците за кои се пријавува како обучувач (темплејт од дизајн на обука).
3. Начин и рок за пријавување
Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адресата:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.">ane.matevska@romaversitas.org.mk , со назнака за пријавување за повик за обучувачи за летната школа најдоцна до 29 јули 2020 година.
Povik-za-obucuvac-Aktivacija-na-pazar-na-trud.pdf