
Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд
Повик за ангажирање на две лица (2) обучувачи за испорака на обуки и работилници во школата за јакнење на иденитет, култура и демократија за ученици Роми
- Детали
- Објавено: Среда, 22 Јули 2020 14:16
- Посети: 1085

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ објавува повик за ангажирање на две лица (2) обучувачи за испорака на обуки и работилници во школата за јакнење на иденитет, култура и демократија за ученици Роми во рамки на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“ финансиран од Европска Унија и Ромскиот Образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
1. Теми, распоред и опис на работилниците
Теми на зимската школа за градење капацитети за настап на пазарот на труд:
- Градење на тим
- Демократија
- Идентитет
- Политичка култура
- Владеење на правото
2. Документи за пријавување
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:
- Документ кој ќе го потврди степенот на завршено високо образование;
- Кратка биографија која ќе ги содржи најважните претходно испорачани работилници, обуки и семинари;
- Листа на испорачани работилници/обуки за темата/ите за кои се пријавувате;
- Предлог дизајн за секоја од работилниците за кои се пријавува како обучувач (темплејт од дизајн на обука).
3. Начин и рок за пријавување
Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адресата:
ane.matevska@romaversitas.org.mk, со назнака за пријавување за повик за обучувачи за школа за јакнење на иденитет, култура и демократија за ученици Роми.
Пријавувањето за обучувачи на горенаведените теми е најдоцна до 29 јули 2020 година.
Povik-za-obucuvaci-Team-bulding-School.pdf