
Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд
Поканува за учество на летната школа за градење на капацитети за настап и активација на пазарот на труд
- Детали
- Објавено: Понеделник, 27 Јули 2020 20:11
- Посети: 992

Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ - Скопје е партнерска организација на Ромскиот образовен фонд од Будимпешта (РЕФ) и истата е назначена за учество во регионалниот проект "Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади во Западен Балкан и Турција" кој е финансиран од Европската Унија и Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта. Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ во рамки на проектот: „Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“, Ве поканува да се пријавите за учество на летната школа за градење на капацитети за настап и активација на пазарот на труд, што ќе се одржи во период од 08.08.2020година до 11.08.2020 година во Струга.
1. Теми на летната школа за градење на капацитети за настап и активација на пазарот на труд :
- Управување со времето (Time management)
- Вештини за барање на работа
- Активни мерки за вработување
2. Услови за пријавување
Заинтересираните кандидати за учество на школата треба да ги исполнат следните услови:
- Да се државјани на Република Северна Македонија;
- Да се припадници на ромската етничка заедница;
- Да се редовни ученици запишани на некои од јавните или приватните средни училишта во Република Северна Македонија;
- Да бидат проактивни и ориентирани кон учење и развој.
3. Начин за аплицирање
Пополнета електронска пријава, на следниот линк https://forms.gle/z8kgYgJLQHUBiwK37, најдоцна до 02.(недела)08.2020 година.
Povik-za-ucesnici-letna-skola.pdf