
Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд
Барање за прибирање на понуди од хотели за организирање на летна школа
- Детали
- Објавено: Понеделник, 27 Јули 2020 20:16
- Посети: 973

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ објавува барање за прибирање на понуди од хотели за организирање на летна школа во рамки на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“ финансиран од Европска Унија и Ромскиот Образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
- Понуда
1.2. Понудувачот треба да достави понуда согалсно потребите на набавувачот (форматот на понудата е во повикот во прилог) , а во понудените содржини да содржи:
- Понуда за полн пансион на сместување на 27 лица со 3 ноќевања, цената да биде изразена по лице
- Понуда за користење на сала за состаноци акустично одвоена од останатиот дел од хотелот содветна и комотна за најмалку 27 лица имајќи ги во предвид и почитувајќи ги сите протоколи за физичко растојание меѓу присутните лица.
- Понуда за користење на техничка опрема опрема (ЛЦД проектор, флипчарт табла) за одржување на обука
- Понуда за освежување за време на обуката и паузите (кафе, вода, безалкохолен пијалок), за најмалку 2 кафе паузи во текот на денот, изразена цена по лице
1.2. Дополнителни информации за понудата
- Понудата треба да важи за 27 лица, за времетраење од три ноќевања или 4 дена, во текот на месец Август
- Хотелот треба да има обезбеден паркинг за најмaлку 3 возила, кој што е вклучен во понудата
- Хотелот, според категоризација, треба да биде најмалку со 3 звезди
- Оброкот за ручек и вечера треба да содржи сезонска салата, супа, порција главно јадење, десерт и безалкохолен пијалок за секој учесник
Понудите да се достават по електорнски пат на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во писмена форма во просториите на Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ - Скопје на ул. 11 Октомври бр.8 – 1/2 , најдоцна до 02.08.2020 година.
Baranje-za-hoteli-SEC-summer-camp.pdf