Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд
Барање за прибирање на понуди од правни лица за реализација на автобуски превоз на лица за организирана школаза јакнење на идентитет, култура и демократија на ученици Роми
- Детали
- Објавено: Понеделник, 27 Јули 2020 20:43
- Посети: 1177
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ објавува барање за прибирање на понуди од правни лица за реализација на автобуски превоз на лица за организирана школаза јакнење на идентитет, култура и демократија на ученици Роми во рамки на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на ученици Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“ финансиран од Европска Унија и Ромскиот Образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.
- Понуда
1.1. Понудувачот треба да достави понуда согалсно потребите на набавувачот (детали и формат за изработка во повикот во прилог) , а во понудените содржини да содржи:
- Понуда за организиран автобуски превоз на најмногу 22 лица почитувајќи ги протоколите за работа и обезбедување фичко растојание меѓу патниците на релација Скопје – Струга – Скопје
1.2. Дополнителни информации за понудата
- Понудата треба да важи за 20 до 22 лица, со тргнување од Скопје во договорен термин со набавувачот на услугата;
- Тргнувањето и пристигнувањето во Струга се на различен датум со враќањето на лицата во Скопје;
- Во текот на патувањето до Струга доколку има потреба пред тргнување да се договорат дополнителните попатни станици во одредени градови кои ќе важат и за враќање на лицата до Скопје;
- По пристигнувањето во Струга се одредува договорен термин за враќање на учесниците до Скопје не подолг од 5 дена од пристигнувањето.
- Согласно планираните активности првично договорени термин за реализација се: тргнување (Скопје – Струга) 11 Август 2020 и враќање (Струга-Охрид) 15 август 2020
Понудите да се достават по електорнски пат на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во писмена форма во просториите на Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ - Скопје на ул. 11 Октомври бр.8 – 1/2 , најдоцна до 02.08.2020 година.
Baranje-za-organiziranje-na-avtobuski-prevoz-Team-Building.pdf