Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд
Договорена соработка на ЗГ Ромаверзитас со Општина Шуто Оризари
- Детали
- Објавено: Среда, 24 Април 2019 14:43
- Посети: 1520
На средбата со Градоначалникот Курто Дудуш и други претставници на Општината, беа презентирани проектните активности во рамките на проектите „Зголемување на пристапот и учеството на учениците Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“, и „Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд“ кои се дел од регионалниот проект „Зголемени образовни можности за студенти и млади Роми во Западен Балкан и Турција“, спроведуван од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) финансиран од Европска Унија.
Во оваа средба, беа презентирани можностите за соработка во спроведувањето на практиканство на ученици и студенти Роми во Општина Шуто Оризари, со цел стекнување на оперативни и практични знаења и искуства за понатамошно нивно вклучување на пазарот на труд, од страна на Ферик Сулејманов, проектниот координатор за вработување.
Оваа соработка ќе биде официјално дефинирана со потпишување на Меморандум за соработка во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на учениците Роми во средното образование и транзиција на пазарот на труд“.