romaversitas.org.mk

Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд

Ромаверзитас со два практиканти во Општина Шуто Оризари во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд, финансиран од Европска Унија

Здружение на граѓани „Ромаверзитас“ во рамките на проектот "Зголемување на пристапот и учеството на студентите  Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд"  овозможи практиканство на два студенти во Општина Шуто Оризари. Практикантите во период од два месеци имат можност одблизу да се запознаат со работењето на оваа институција.  

 

Активноста практиканство има за цел да ги поддржи студентите Роми за стекнување знаења, вештини и искуство во рамки на одредени органи/институции и работни организации, кои ќе ги зголемат знаењата и искуствата на практикантите со цел да бидат подготвени да одговорат на потребите на пазарот на трудот во Република Северна Македонија. 

Донатори

Соработници

Видео