Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд
Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ – Скопје со финансиска поддршка во вид на стипендија за 5 студенти Роми
- Детали
- Објавено: Вторник, 28 Јануари 2020 08:45
- Посети: 1610
На ден 20.01.2020 година во хотел „Континетал“ Скопје се одржа проектна церемонија за за презентација на проектните активности и потпишување на договори со корисниците на стипендија во академската 2019/20 година во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд“ кој е дел од регионалниот проект "Зголемени можности за образование на студенти Роми и млади Роми во Западен Балкан и Турција", финансиран од Европската Унија и Ромски образовен фонд.
На церемонијата беа присутни стипендистите во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд“ кои се студенти запишани на втор циклус на студии како и студенти Роми корисници на стипендија при Министерство за образование и наука. На церемонијата беа презентирани идните активности на проектот кои што покрај финансиската поддршка за 5 студенти Роми од втор циклус на студии во рамки на овој проект, сите студентите Роми ќе имаат можност да добијат поддршка при професионализација на нивната кариера, зимска и летна школа како и работни пракси кои треба да помогнат во зајакнување на нивните вештини за настап на пазарот на трудот по завршувањето на нивното образование.
По презентацијата на предвидените активности и дискусијата со прашања од студентите Роми се премина кон потпишување на договори за користење на стипендија за академската 2019/20 година со што во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд“ Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ – Скопје овозможи финансиска поддршка во вид на стипендија за 5 студенти Роми запишани на втор циклус на студии.