Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд
Повик за пријавување во база на тутори за одржување на туторски часови
- Детали
- Објавено: Петок, 19 Февруари 2021 23:08
- Посети: 1131
Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Зголемување на пристапот и учеството на студнети Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд“ објавува повик за пријавување во база на тутори за одржување на туторски часови
за одреден наставен предмет за студенти Роми на додипломски о постдипломски студии на државните и приватните универзитети во Република Северна Македонија. Проектот е финансиран од страна на Европска Унија и Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.
За тутори може да се пријават
- лица со завршен III циклус на студии кои не вршат проверка на знаењето на студентот во процесот на оценување на знаењето на студентот за наставниот предмет за кој се пријавуваат да бидат тутор;
- лица со завршен II циклус на студии;
- лица со завршен I циклус на студии.
Начин на пријавување за тутор
- да се кликне на електронската пријава, да се пополни и испрати;
- да се прати документ кој ќе го потврди степенот на завршено образование или уверение за положени испити, само за лицата кои имаат завршено I циклус на студии, на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака пријавување за тутор 2020- 2021, TER-MAC-03.
Пријавувањето за тутор во база на тутори е отворен во текот на академската 2020/21 година, најдоцна до 31 Март 2021 година.